Македонија
21. July 2016 - 18:36

Без вода утре дел од корисниците во општините Центар и Бутел

Поради изведување водоводен приклучок од Ф-250мм на ул. Симче Настевски бб до резервоарот во населба Радишани, прекинато водоснабдување утре од 09:00 до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од населба Радишани во општина Бутел.

Како што соопшти РЦУК Скопје по информација од ЈП Водовод и Канализација, прекин во водоснабудвањето утре ќе имаат корисниците од ул. Козара, Адам Мискиевиќ, дел од ул. Васил Ѓоргов и Киро Гавриловски во општина Центар. Прекинот е поради санирање уличен дефект од Ф-100 мм на ул. Васил Ѓоргов - раскрсница со ул. Адам Мискиевиќ во населба Капиштец, и ќе трае од 08:30 до санирање на дефектот.

Поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф-110 мм на ул. Христо Чернопеев бр.13 во населба Водно во општина Центар, утре без водоснабдување ќе бидат и корисниците на дел од ул. Христо Чернопеев во периодот од 11:00 до санирање на дефектот.