Македонија
29. October 2017 - 13:22

Без вода утре дел од корисниците на ул. „Шарски одреди“ во населба Водно

Од 9 часот утре без вода ќе бидат дел од корисниците на ул. „Шарски одреди“ во населба Водно во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, по известување добиено од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата „Шарски одреди“ бр.4. Ќе трае до завршување на работите.