Македонија
30. March 2016 - 19:40

Без вода утре дел од Центар

Поради дефект на водоводната мрежа без вода утре од 8:00 часот до завршување на интевенцијата ќе бидат корисните на улиците „Никола Тримпаре“ и „Аминта Трети“ во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради дефект на шибер на водоводна мрежа со пречник од Ф – 80 мм на улица „Никола Тримпаре“ на крстосницата со улица „Аминта Трети“.