Македонија
15. December 2015 - 15:11

Без вода повеќе села во Сарај

Корисниците од селата Сарај, Глумово, Арнакија, Горна и Долна Матка утре од 9:00 до 18:00 часот ќе останат без вода поради изведување на градежни работи. 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот во водоснабдувањето е поради електро-машинска реконструкција и поставување системи за регулација во пумпена станица во Сарај.