Македонија
23. October 2020 - 16:36

Без вода корисниците од булевар „Трета македонска бригада“ крак 3

Без вода денеска ќе бидат корисниците од булевар „Трета македонска бригада“ крак 3.

Прекинатото водоснабдување, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, е поради уличен дефект на водоводна мрежа на булеварот „Трета македонска бригада“ крак 3 бр.27 во населба Аеродром.

Оттаму посочија дека уличниот дефект на улица „Дижонска“ бр.30 е саниран. Водоснабдувањето е нормализирано 14:40 часот