Македонија
24. March 2016 - 18:02

Без вода дел од Кисела Вода

Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улиците Тасино Чешмиче и Драмска, како и дел од „Ѓорѓи Скрижевски“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради изведување на водоводен приклучок од ф - 100 мм на раскрсница меѓу улиците Тасино Чешмиче со „Тодор Александров“. Прекинот ќе биде се до завршување на работите.