Македонија
29. September 2015 - 15:44

Без струја утре повеќе скопски улици и села

Без струја утре од 8:30 до 15:30 часот ќе останат дел од корисниците од Стара скопска чаршија, кај кино Напредок.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје заради технички зафати во електро-системот од 8 до 8:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Мирослав Крлежа“ и „Орце Николов“, од 8:30 до 14:30 селата Батинци и дел од Љубош, од 8:30 до 11:30 часот улицата „Божин Николов“, од 9 до 12 часот дел од село. Усје, местото викано „Падарница“ и околината, од 11:30 до 13 часот улицата „Божидар Рајковиќ“ и 8:30 до 14:30 часот улиците 191, „Битпазарска“ и „Дичко Петров“ и дел од булеварот „Крсте Мисирков“.