Македонија
24. February 2016 - 11:10

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електрична енергија утре од 9:00 до 14:30 часот, со повремени исклучувања, ќе бидат корисниците од Чаир, спроти Јаја Пашина џамија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-системот.

Од 9:30 до 15:00 часот, исто така, без струја ќе бидат и корисниците од улица „Скупи“ и подулици 3, 5 и 7, во општина Ѓорче Петров.

Без електрична енергија од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Скоевска“, „Петко Јанчевски“ и „Симче Настевски“ во населба Радишани.

Од 9:00 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од фирмата Вардар Градба и домаќинствата во населеното место Ергеле, во општина Гази Баба, а од 9:00 до 13:30 часот корисниците од улиците „Рељо Шестокрило“, „Галичица“, „Виетнамска“ и „Диме Мечето“, во општина Шуто Оризари.

Без струја од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Финска“ и село Инџиково, во општина Гази Баба, а од 9:30 до 15:00 часот корисниците од улица „Лука Геров“ подулици 2, 4 и 6, во општина Ѓорче Петров.