Македонија
20. July 2017 - 10:34

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Повеќе маала од Скопје и околината утре, во одреден период од денот, ќе немаат струја, соопшти Региоаналниот центар за управување со кризи. 

Причина за прекинот е технички зафат.

Без струја ќе бидат дел од Бардовци, Орман и Волково (8:30 - 15:00), улицата „Битолска“ и околните улички во Ново Маало (8:30 - 11:00), делови од селата Глуво и Бразда во Чучер Сандево (9:00 - 14:00), дел од улиците „Пресека“ и „Сливовска“ во Карпош (9:00 - 15:00), улицата „Тодор Чангов“ бр. 35 и неколку околни објекти во Аеродром (08:30 - 13:30), улицата „Горноврановска“ во Аеродром (11:30 -15:00), улиците „Неврокопска“ и „Чедомир Кантарџиев“ во Центар (8:30 - 12:00).