Македонија
12. July 2016 - 11:34

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електрична енергија утре од 08:30 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Анастас Митрев“, а од 11:30 до 15:00 часот корисниците на дел од улица „Венјамин Мачуковски“, во општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување технички зафати во електро-мрежата.

Без струја од 09:00 до 13:00 часот ќе останат корисниците од дел од улица „Демир Трајко“, а во време од 09:00 до 14:30 часот дел од улица 10 и село Бардовци, во општина Карпош.

Од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улиците „Гарсија Лорка“ и „Брсјачка Буна“, а во време од 09:30 до 13:00 часот корисниците од дел од улиците „Нов Живот“, „Виничка“ и дел од улицата „Вашингтонска“, во општина Шуто Оризари.

Без струја од 09:00 до 09:30 часот ќе бидат дел од селата Патишка Река, Држилово, Елово, Црн Врв, Осинчани, Малчиште, Нова Брезница, Сателитски центар и Рудопроект, а од 09:00 до 16.00 часот дел од селото Патишка Река, ХПП Хидро, селата Држилово, Елово, Црн Врв, Осинчани и  Малчиште, во општина Сопиште.

Во време од 15:30 до 16.00 часот без напон ќе останат дел од селата Патишка Река, Држилово, Нова Брезница, Елово, Црн Врв, Осинчани и Малчиште, во општина Сопиште.