Македонија
30. August 2020 - 20:41

Без струја утре објект во поранешна Стаклара, задутре дел од село Пакошеви

Заради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре од 10 до 12:30 часот без струја ќе остане објектот на фирмата „Гранд Експорт“ во кругот на поранешната фабрика – Стаклара во Општина Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК на град Скопје, задутре (1 септември)  од девет до 14 часот без струја ќе биде дел од село Пакошеви во Општина Зелениково.