Македонија
16. January 2020 - 9:18

Без струја утре делови од Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи по известување добиено од ЕВН, од 9 до 14 часот без струја ќе останат дел од село Батинци и дел од село Љубош кај маркет Рајсер и маркет „Цвет Компани“ во Општина Студеничани.

Од 9 до 10 часот утре без електрична енергија ќе биде дел од село Волково – улиците 19, 21, 23, 79, 81, 83 и 100 во Ѓорче Петров, а од 8:30 до 15 часот дел од село Добри Дол во Сопиште.