Македонија
16. August 2018 - 10:53

Без струја утре делови од село Добри дол и скопски Центар

Без електрична енергија утре ќе бидат дел од жителите на селото Добри дол и неколку улици во Општина Центар. 

Од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците на дел од село Добри Дол, Општина Сопиште.

Од 08:00 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на делови од ул.Наум Наумовски Борче, од ул.Орце Николов, од ул.Ленинова, ул.Антоније Грубишиќ, ул.309, ул.Коле Неделковски и сите стопански и нестопански објекти на овие улици, како и дел од ул.Ѓуро Ѓаковиќ, Општина Центар.