Македонија
19. February 2019 - 10:04

Без струја утре делови од повеќе скопски општини

 Во Општина Центар утре од осум до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Јордан Хаџи Костатинов-Џинот, од 08:30 до 09.30 часот, од станбениот комплекс „Парк Резиденс“, во градски парк, а од 12 до 14:30 часот корисниците од ул. „Ристо Шишков“ бр.31, информира Регионалниот центар за управување со кризи според известување од ЕВН Македонија.

Оттаму соопштуваат дека утре од 08:30 до 14:30 часот ќе немаат струја и корисниците од ул.„Томе Арсовски“, делот зад Кинеската амбасада  во општина Кисел Вода, од девет до 11  часот од село Волково ул. „95“ и улиците од соседството во општина Ѓорче Петров, од девет до 13 часот корисниците од село Јурумлери ул. 10 во општина Гази Баба, а од девет до 15  часот корисниците од село Батинци улиците: 1, 4 и 6 во општина Студеничани.

Прекин во снабдувањето со струја утре од девет до 12 часот ќе има и за корисниците од селата: Патишка Река, Елово, Црн Врв, Малчиште, Осинчани, Јаболци, Нова Брезница, Ловиштето „Јасен“, и ХПП Хидро во село Патишка Река, во општина Сопиште, од 10 до 12  часот корисниците од селата: Мирковци, Љубанци, Кучевиште, Побожје, Бродец, Малино, Брест и Танушевци во општина Чучер Сандево, а од 11  до 14:30 часот корисниците од ул. „Варшавска“ бр.38 и соседните броеви во општина Карпош.