Без струја утре делови од општините Центар, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Сарај, Карпош и Кисела Вода
Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе останат корисниците од општините Центар, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Сарај, Карпош и Кисела Вода.
Од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.„Белградска“, а од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од улиците „Козара“ и „Шарски Одреди“ во Општината Центар.
Без струја од 9 до 11 часот ќе бидат корисниците од делови од улиците „Хаџи Јован Шишков“, „Демирхисарска“, „Индира Ганди“, како и објектите на Амбулантата и Детската Градинка во Општината Шуто Оризари, од 9 до 13 часот, корисниците од поголемиот дел од с. Волково во Општината Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот, корисниците од ул.„6“ во селото Сарај во Општината Сарај, а од 10:30 до 15 часот, корисниците од ул.„Козле“ од бр. 106 до бр.132. во Општината Карпош.
Од 11 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул.„Герника“ и објектите околу Железничка станица – Драчево во Општината Кисела Вода, а од 12 до 14 часот корисниците од делови од улиците „Виничка“, „Црнок“, „Индира Ганди“ и Вашингтонска во Општината Шуто Оризари.
Ново на Сител
-
СПM не е изненадена од одлуката со која Јакимовски и Јанева се ставени на Црната листа на САД
-
Нотингем Форест казнет со четири бодови
-
Агелер: САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите вклучени во корупција
-
Тепачка на фудбалски натпревар во Богомила: Се степале двете екипи и публиката
-
Нападнат возач на ЈСП
-
Кабинет на Тренчевска: Велковски без конкретни информации излегува со лажни обвиненија
-
Kaтица Јанева и Стевче Јакимовски завршија на црната листа на САД
-
Јакимовски ја потврди кандидатурата за претседател пред Државната изборна комисија