Македонија
9. February 2017 - 11:29

Без струја утре делови од Центар, Кисела Вода и Илинден

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Центар, Кисела Вода и Илинден.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, соопшти дека од 8 до 10 часот  без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Никола Вапцаров“ во општина Центар.

Од 8 до 16 часот без струја ќе останат дел од жителите од улиците „Димитар Гуштанов“, „Стари Новакина“, „Ризо Ризов“, „Антон Димитров“, „Јанко Мишиќ“ и „Дреновска Клисура“, како и улиците „Иван Хаџи Николов“, „Димитрија Чуповски“, „Киро Фетак“, „Радое Дакиќ“ и „Ужичка Република“ во општина Кисела Вода.

Дел од селата Кадино и Марино, населеното место Бела Земја, како и објектите на Т - мобиле во Марино, ЗИК Пумпа, млин Кадино и Мак Инвест во општина Илинден ќе бидат без струја од 08:25 до 14 часот.