Македонија
26. February 2020 - 18:41

Без струја утре делови од Центар и Кисела Вода

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без струја утре од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од делови од улиците „Лав Толстој“ и „Ефтим Спространов“ во Oпштина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија утре од од 09:00 до 11:30 часот ќе останат и корисниците од дел од улица „Македонија“, поточно објектите во околината на зградата на Технометал – Вардар, во Општина Центар.