Македонија
9. February 2016 - 10:47

Без струја утре делови од Центар, Чаир и Ѓорче Петров

Без електрична енергија утре од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Охридска“, „Титовелешка“ и дел од „Анте Хаџимитков“ во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради технички зафати во електро-системот без струја утре од 9:30 до 15:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од улица 5 во село Волково во општина Ѓорче Петров, како и корисниците наспроти Јаја Пашина џамија во општина Чаир во периодот од 9:00 до 14:30 часот.