Македонија
12. January 2016 - 10:55

Без струја утре делови од Центар, Аеродром, Чаир и Сопиште

Без струја утре од 08:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од ул. „Пајак“, дел од ул. „Аминта Трети“ (поранешна Ленинова), дел од ул. „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, ул. „Ристо Шишков“ и дел од ул. „8-ми Март“ (потег од „Илинденска“ кон Градски Парк) во општина Центар.

Од 09:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од ул. „Божин Николов Силни“ (делот од каналот према Вардар) во општина Аеродром.

Од РЦУК Скопје информират дека од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул. „Вуковарска“ бр. 15, а од 09:00 до 14:30 реонот околу Саат кулата во општина Чаир.

Без струја утре од 10:00 до 14:00 часот ќе бидат и  дел до Горно Соње помеѓу улиците 7 и 9 на главниот пат во општина Сопиште.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради изведување на технички зафати во електро-системот.