Македонија
9. January 2020 - 12:19

Без струја утре дел од корисниците на Радишани и Ѓорче Петров

ЕВН информира дека утре од 08:15 до 14:00 часот, поради технички зафат во електросистемот на Град Скопје, без електрична енергија ќе бидат корисниците од делот околу гробиштата во с.Радишани, ул.15, ул.Радишанска (во околина на последна 57) и патот за с.Побожје (општина Бутел).

Без струја утре ќе бидат и корисниците од ул.Ѓорче Петров бр.73 и околните броеви и улици (општина Ѓорче Петров), од 09:00 до 15:00 часот.