Македонија
3. December 2016 - 10:59

Без струја утре дел од Карпош

Без струја утре од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од населбата Момин Поток, позади фирмата „Стоп и ГО“, во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е по известување од ЕВН Македонија АД.