Македонија
25. January 2016 - 10:30

Без струја утре дел од Центар, Гази Баба, Сарај и Петровец

Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе населени места, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, 

Во време од 09:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од реонот Гази Баба ( општина Гази Баба), во општина Сарај во време од 09:00 до 15:30 часот корисниците од околината на училиштето во с. Радуша и од 09:00 до 16:00 часот корисниците од селата Дворце, Радуша и Орашје. 

Без струја во време од 10:00 до 16:00 часот ќе бидат и дел од корисниците од с. Петровец во општина Петровец, а во време од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од ул. „Партениј Зоографски“ во општина Центар.