Македонија
20. March 2016 - 9:16

Без струја улицата „Славка Динкова“ во Кисела Вода

Жителите на улицата „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода утре од 9 до 13 часот ќе бидат без електрична енергија.

Причина за прекинот се технички зафати во електро системот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на известување добиено од ЕВН Македонија.