Македонија
24. September 2015 - 11:06

Без струја повеќе скопски улици

Утре од 8:30 до 9:30 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Бојмија“ во Општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во електро-системот, без електрична енергија од 12 до 14 часот ќе останат корисниците од улицата „Виктор Иго“, од 10 до 12 часот населба Крњево – улиците 171 и „Рајко Жинзифов“, од 8:30 до 12 улицата „Јуриј Гагарин“, од 9 до 15 часот улиците „Гадалахара“, „Индира Ганди“, „Метохиска“ и „Димче Мирчев“ и од 13 до 15 часот улиците „Христо Татарчев“ бр. 42, „Ѓорѓи Димитров“ бр. 23, „Франк Харкот“, „14-ти Декември“ и ОУ „Круме Кепески“.