Македонија
10. December 2018 - 18:42

Без струја и вода утре повеќе улици во Скопје

 Без струја утре од 8:30 до 10 часот ќе останат корисниците од дел од улиците Студеничанска и „Јустинијан Први“.
 
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците од дел од улицата „Христо Чернопеев“ и од 11 до 15 часот корисниците од дел од Булевар „Кочо Рацин“, улиците „Стив Наумов“, „Тетовска“ и „Јосиф Јосифовски“.
 
Прекинот со струја е заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
 
Од РЦУК информираат дека паради отстранување дефект на водоводна  цевка со пречник  ф – 80 мм на улицата „Антоние Грубишиќ“ б.б. утре без вода од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од  истата улица и улицата „Пиринска“.