Без струја и вода неколку скопски општини
Без струја денеска ќе бидат корисниците од општините Сопиште, Центар, Аеродром, Карпош, Чучер Сандево и Ѓорче Петров, а без вода дел од корисниците во општините Центар, Кисела Вода и Сарај.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 8:30 до 12 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на патот од село Сопиште кон село Горно Соње во Општина Сопиште.
Од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од дел од булевар „ВМРО“ (спроти Пошта) во Општина Центар, од 9 до 15 часот, корисниците од улица „Илија Димовски – Гоче“ во Општина Аеродром, од 9 до 15 часот, корисниците од улиците: 1513, 1515 и крак 2 од улица „Саса“ во населба Пинтија во Општина Карпош, од 9 до 15 часот, корисниците од викендиците во село Побожје во Општина Чучер Сандево и од 9 до 15 часот, корисниците од дел од село Бардовци, (место викано Рупа) во Општина Ѓорче Петров).
Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -80 мм на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ бр. 21, од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе бидат корисниците од истата улица, како и дел од булевар „Илинден“ и дел од улица „Аминта Трети“ (потегот околу градски парк) во Општина Центар.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -100 мм на улица „Димо Хаџидимов“ бр. 64, од 9 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица, како и дел од улиците „Божидар Аџија и „Михаил и Ефтихиј“ во Општина Кисела Вода.
Поради замена на затворачи во резервоарот за питка вода во село Копаница, од 7 часот до завршување со работните активности, без вода ќе останат корисниците од селата Копаница и Буковиќ во Општина Сарај.
Ново на Сител
-
Бектеши: Усвоени измените со кои трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници
-
Собранието одржа седум пленарни седници
-
ВМРО ДПМНЕ: Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии
-
Вархеји: Нема веќе пречки за Северна Македонија, Бугарија го прифати решението
-
Рама: Не е ЕУ виновна, ние сме луди на Балканот зашто мислиме дека сме најстар народ
-
Членките на ЕУ воведоа задолжително складирање на природниот гас до почетокот на зимата
-
Јужна Африка: Смртта на тинејџерите поврзана со нешто што јаделе, пиеле или пушеле
-
Одземени лиценците на БЕГ и за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија