Македонија
12. May 2021 - 9:11

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров и објектите околу аеродромот Стенковец

Регионалниот центар за управување со кризи денеска соопшти дека без струја од 08:45 до 11 часот ќе бидат корисниците од дел на улицата „Ботун“ и булеварот „Партизански одреди“ бр. 169 и бр. 173 во Општина Карпош.

Од 09 до 12 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од објектите во околината на спортскиот аеродром Стенковец, а од 12 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците „Мраморец“ и „Белишка“ во општина Ѓорче Петров.

Во четврток, според најавите, без струја од 07:30 до 15 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата „Никола Мартиновски“ поточно дуќаните во склоп на Скопски Пазар, како и мал дел од улицата „Војдан Чернодрински“ во општина Чаир.