Македонија
12. October 2015 - 10:26

Без струја делови од Чаир, Карпош, Аеродром и Шуто Оризари

Поради технички зафати во електросистемот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Чаир, Карпош, Аеродром и Шуто Оризари.

Во перидотот од 8.30 – 14.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на Стара Скопска  Чаршија, од 9 до 12 часот корисниците од село Горно Нерези, од 9 до 13:30 часот улицата Божин Николов, од 9 до 14 часот улицата Владимир Комаров број 10 и од 9 до 15 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Гвадалахара и Метохиска.