Македонија
13. July 2020 - 16:51

Без проблеми тече гласањето во Прилеп

Во Прилеп денеска своето право на глас го искористија 29 лица кои се заболени од Ковид 19 или пак кои се наоѓаат во изолација. Гласањето се одвиваше според строго утврдени критериуми и препораки од страна на Комисијата за заразни болести и СЗО. До домовите на овие лица беше испратен посебен избирачки одбор, составен од 3 медицинскии лица и двајца претставници на политичките партии. Според претседателката на овој посебен избирачки одбор, д-р Билјана Кржеска, проверката на лицата заболени од корона вирус се правела исто како и досега со УВ ламба на прстот, гласањето е тајно, а ливчињата се ставале во посебно плико на кое го пишува избирачкото место од граѓанинот кој гласа.

„Прво имаме проверка на палецот со УВ ламба, потоа се прска со средството, дезинфекција се прави, ставање на ракавици, се потпишува на ливчето, има право на тајно гласање, ливчето потоа се става во плико  кое што е означено со избирачко место, потоа тие пликоа ние ги собираме, се ставаат во едно големо плико кое оди во избирачката кутија кое понатаму се проследува до избирачките кутиии по избирачки места, зависи во кое избирачко место колку има пријавени и заболени. Имаме краток контакт со тие лица, мора да одржуваме дистанца, имаме единечни мантили, хируршкии маски и ракавици, каљачи, капа и визир“, кажа д-р Билјана Кржеска, претседател на посебен избирачки одбор.  

За утре пак во Прилеп се пријавени да гласаат 489 болни и изнемоштени лица, а вкупниот број на граѓани со право на глас изнесува 64.004 граѓани кои ќе гласаат на 130 изибиирачки места. 13 пак избирачки места се дислоцирани поради неисполнување на услови за заштита од Ковид, односно мали простории.

Во Крушево денеска гласаат 2 лица заболени од Ковид-19 или кои се наоѓаат во изолација. А во другите соседни општини на Прилеп, Долнени и Кривогаштани денеска нема пријавено лица кои ќе глааат.