Без проблеми гласаат болните и изнемоштените во неколкуте општини во Тиквешко
Без проблеми гласаат болните и изнемоштените лица во неколкуте општини во Тиквешко. Во Кавадарци гласаат 128 болни и изнемоштени, а 35 кавадарчани го остваруваат своето право на глас во затвор. Избирачкиот список брои 32.706 кавадарчани со право на глас. Како што информира претседателот на Општинска изборна комисија Зоран Костов, утре ќе се гласа на 60 избирачки места.
Стојна Топчиева, претседател на Општинска изборна комисија Демир Капија, соопшти дека во тек е гласањето на 66 болни и изнемоштени лица. Еден демиркапиец гласа во затвор. Вкупниот број на граѓани со право на глас во избирачкиот список е 3.405, а утре своето уставно право на глас демиркапијци ќе можат да си го остварат на 11 избирачки места.
Педесет болни и изнемоштени лице гласаат во текот на денешниот ден во Росоман, како и еден затвореник, вели Лазар Симоновиќ, претседател на росоманската Општинска изборна комисија. Во избирачкиот список се евидентирани 3.410 избирачи, а утре росоманци ќе можат да избираат на десет изборни места.
Ново на Сител
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар