Македонија
5. September 2018 - 16:16

Без присуство на Груевски и неговите адвокати заврши јавната седница во апелација

Повреди на законот за кривична постапка, апсолутна застареност на делото, пресуда врз основа на претпоставки и асоцијации – на ова се пожалија осудените во предметот тенк чии жалби ги разгледуваше Апелациониот суд.. Во отсуство на поранешниот премиер Никола Груевски и неговите адвокати, жалбите ги образложи судијата известител.. Во својата жалба на пресудата, екс премиерот наведува дека не може да биде осуден со прислушуван разговор обезбеден на незаконит начин.. Жалбите на Груевски и неговите бранители ги поддржа и адвокатот на осудениот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.. Тој пред судот рече не е криминалец и не знае да ја злоупотреби службената положба.. Објасни дека не ја правел спецификацијата за набавката на блиндираниот мерцедес.. Неговиот адвокат побара Апелација да ја укине пресудата..

Од специјалното обвинителство побараа одбивање на жалбите бидејќи сметаат дека се неосновани.. Велат дека кривичното дело не е застарено бидејќи против осудените се водат и други постапки.. Според СЈО, прислушуваните разговори не биле единствените докази во предметот..

За време на одржување на јавната седницата, пред Апелациониот суд се одржа протест за поддршка за осудените..

Инаку пред почетокот на седницата, адвокатите на екс премиерот писмено побараа изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но по кратка пауза, барањето се отфрли..

По разлгедување на жалбите, судечкиот совет најави дека одлуката ќе ја објави преку првостепениот суд.. Не прецизираа во кој рок ќе се донесе одлуката која може да содржи  укинување, потврда или измени во пресудата..

За случајот ТЕНК, екс премиерот е осуден на затворска казна од две години додека помошник министерот во МВР доби 6 и пол години затвор..