Фудбал
7. May 2018 - 10:40

Без победник на „Ел класико“

Без победник 2-2 заврши најголемото светско дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид . Натпревар на кој имаше многу судиски контроверзи со  црвен картон, недосудени пенали и по два гола во двете мрежи.
 
Мечот немаше резултатска важност, бидејќи Барселона веќе ја освои  двојната титула во Шпанија,сепак се играше на највисоко ниво и многу тензично особено во вториот дел.
Барселона го отвори резултатот по акцијата на Роберто по која поентираше Суарез уште во 10м од мечот. Само 4 минути подоцна израмни Роналдо а состојбата кулминираше кога Роберто без топка го удри Марсело и заработи црвен картон.
Во продолжението стартови, картони недосудени пенали. Гол за водство на домаќините постигна Меси а конечните 2-2 ги постави Герет Бејл.