Македонија
2. February 2020 - 17:07

Без мобилни телефони на час во училиштата во О. Ѓорче Петров и во Куманово

Основците од неколку училишта во државата од утре ќе следат настава бев телефони во џебовите. По Ѓорче Петров и основно училиште од Куманово забрани употреба на мобилен за време на часовите. Освен учениците со себе телефон ќе немаат и наставниците. Пред почеток на секој час ќе ги оставаат во нумерирани џебови. Директорот на кумановското училиште Крсте Мисирков, вели дека забраната е договорена во соработка со родителите поради честите злоупотреби на телефоните.

Настава без телефони од утре ќе се спроведува и во основните училишта во Ѓорче Петров. Таму се предвидени дисциплински мерки за наставниците кои нема да ја почитуваат иницијативата. Настава без мобилни се реализира и во училиштата во Карпош.Од министерството за образование велат дека засега нема конкретен предлог кој би важел за сите училишта во државата, но поддржуваат иницијативи за кои согласни се родителите и училиштата.

„Не само мобилните телефони, туку и се друго што го попречува наставниот процес и му наштетува, не треба да има место во нашите училиште“, велат од МОН.

Наставниците очекуваат дека на овој начин, ќе се зголеми квалитетот на часовите..

Забрани за внесување мобилен за време на часовите веќе постојат во Албанија и Грција..