Здравје
12. February 2016 - 9:52

Без мелем и креми: Најбрз начин да ги излечите испуканите усни

Колку пати во текот и да нанесете балсам, секогаш се случува - испуканите усни кои се лупат се секојдневие во студените месеци.

Меѓутоа, пред да потрошите мало богатство на скапи мелеми и креми кои ветуваат опоравување за само неколку дена, пробајте го овој трик. Ефикасен е и истовремено евтин.

Што ви треба?

Една кесичка чај и шолја топла вода. Третманот е најдобар ако го правите со зелен или црн чај.

Што да правите?

Кесичката потопете ја во топлата вода, почекајте целосно да се намокри, а потоа притиснете ја на испуканите усни. Оставете да отстои 3-5 минути.

Зошто кесичката чај е подобра од сите мелеми?

Аминокиселината танин во кесичките чај брзо ја ублажува сувоста и ги лечи оштетените клетки на површината на кожата после само неколку минути.