Ракомет
20. October 2017 - 18:29

Без Македа и Стоилов вардарци отпатуваа на дуел против Целје

 
 
 Ракометарите на Вардар отпатуваа за Словенија на дуел против Целје во рамките на регионалната СЕХА лига. 
 
 
Згуснатиот е распоред на вардарци во Лигата на шампионите и СЕХА лигата па затоа и овој меч со Целје ќе биде тежок за избраниците на Раул Гонзалес.
 
„Не очекува многу брз натпревар. Целје игра така секогаш кога е домаќин. Го гледавме нивниот мечот со Кјелце. Имаат и млади и поискусни играчи. Очекувам тежок меч. Треба да се биде подготвен за се, никогаш не знаеш како тие ќе играат. Ние треба да играме како и досега, сконцентрирани на она што не очекува“, изјави  тренерот на Вардар.
 
Иако Вардар на овој меч ќе настапи без повредените Стојанче Стоилов и Хорхе Македа, пивотменот на црвено-црните Мијајло Mарсениќ смета дека тимот ќе најде сили да го добие и овој меч.
 
 
„ Нѐ очекува тежок меч после доста трошење на дуелот со Барселона, па потоа дојде и Загреб, и тука требаше да се потрудиме на почетокот. Така ќе биде и во Словенија, имаме мали проблеми со повредите. Ние сме европски прваци и треба така да се однесуваме, да сме мотивирани. Тие играат добро, играат со многу трчање, брзи напади и се надевам ќе го сопреме Млакар нивниот најдобар играч и дека ќе славиме во Словенија“, дополни Mарсениќ.
 
Натпреварот меѓу Целје и Вардар е закажан за утре со почеток од 17 часот и 45 минути. ит/