-->
-->
Без лична карта веќе нема да можете да користите Фејсбук!
-->
Европската комисија предложла, за пријавување на друштвените мрежи во иднина да се користат национални лични карти, кои се користат во повеќете земји на ЕУ, освен Данска и Велика Британија.
Па така, наскоро можеби наместо корисничко име и лозинка да внесуваме податоци од личната карта.
Идејата ја презентирал потпрецедателотн а Комитетот за единствен дигитален пазар на Европската комисија, Андрус Ансип. А, од документите кои протекоа од тој дел на Европската Унија очигледно е дека сака да поттикне поголема употреба на личните документи во оваа област.
- Онлајн платформата треба да користи податоци кои ги признаваат националните државн итела, како лични карти, банкларски картички или слични документи. Ситуација во која секое лице може да има повеќе кориснички имиња и лозинки, не само што е неконтролирано, туку може да стане безбедносен ризик - стоело во документите на Европската комисија, кои се од 25. мај оваа година.
Ансип по потекло е од Естонија, која може да се пофали со високо развиен систем за издавање на лични карти. Главна причиона за воведување на лични карти и слични документи во онлајн светот е за да се спречат се почестите лажни профили, коментари кои доведуваат до заблуда кај корисниците.
Предлогот на комисијата не поминал добро кај мнозинството граѓани на Еу, бидејќи страдуваат дека со тоа се ограничува слободата на говор на интернет.
Сличен предлог даде во 2011. година американскиот претседател Барак Обама, велејќи дека треба да се воведат посебни лични карти за интернет корисниците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација