Loading Video...
Кошарка
21. December 2018 - 16:13

Без изненадувања во првите четири средби од 14.коло во Евролигата

 
Без изненадувања минаа првите четири дуели од од 14.коло во кошаркарската Евролига. 
 
Победи на гостински терен забележаа лидерот Фенербахче кој со 89-65, славеше во Подгорица против Будуќност, како и Барселона која го доби шпанското дерби со Басконија со 77-70. 
 
ЦСКА во Москва беше сигурна во дуелот со Анадолу Ефес кого го победи со 102-84, додека Олимпијакос во Атина се радуваше на триумф над Гранд Канарија со 98-77. 
 
Денеска на програмата се четири средби, со кои ќе биде комплетирана оваа рунда. 
 
Химки ја пречекува Дарушафака, а во Каунас гостува Макаби. Шампионот Реал ќе игра во Минхен против Баерн, додека во Атина, Панатинаикос го пречекува Армани Милано.