Фудбал
8. February 2017 - 8:12

Без изненадувања во германскиот куп

Фудбалерите на Баерн Минхен, Борусија Менхгладбах, Арминија Билефилд и Хамбургер се пласираа во четвртфиналето од Купот на Германија по победите над своите ривали остварени синоќа во осминафиналните дуели.
 
Баерн во Минхен го совлада Волфсбург минимално со 1:0 со погодокот на Даглас Коста во 17.минута.
 
Гостинска победа со 2:0 оствари Борусија Менхенгладбах против Фурт, а со истиот резултат Хамбургер пред своите навивачи беше подобар од Келн.
 
Најнеизвесно беше на средбата во Валдорф каде истоимениот домашен тим загуби од Арминија Билифилд на пенали со 5:4. По основните 90 минути резултатот беше 1:1, така остана и по 30-минутното продолжение.
 
Другите осминафинални двојки се:
 
Борусија Дортмунд – Херта,
Лоте – Минхен 1860,
Сандхаусен – Шалке и 
Хановер – Ајнтрахт Франкфурт.