„Без галама“ - премиера на Македонскиот народен театар
Во Македонскиот народен театар задутре од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Без галама“ по текст на Мајкл Фрејн, колективно адаптирана и во режија на Тони Михајловски.
Копродукција е меѓу МНТ и „Брачна игра“ и помогната од спонзори. Се работи за комедија на ситуации според комичната драма на британскиот автор Фрејн - „Noises Off“ од 1982 година, која кај нас е позната и сценски изведувана под насловот „Зад кулисите“.
Актерката Весна Петрушевска, која игра лик на куќна помошничка, на прес-конференција рече дека „Без галама“ е претстава во претстава, и зборува за тоа што се случува на сцената - она што публиката може да го види, но со ротирачката сценографија дејството на претставата се случува и зад сцената.
- Играме актер во актер, улогата на сцената е една, а улогата зад сцената е друга. Тоа се две задачи кои се обидовме да ги истражиме и играме. Претставата е напорна и многу прецизна и не може да избегате и смените од формата која е задача во однос на актерската игра. Затоа имавме исклучително тежок процес. Текстот е адаптиран и е курентен на она што е тука и сега. Голем предизвик е да се постави комедија на ситуации на голема сцена. Досега имало два не многу успешни обиди за нејзино поставување, така што и тоа е уште еден предизвик, рече Петрушевска.
Покрај неа, во двочасовната претстава играат и: Игор Џамбазов, Камка Тоциновски, Нино Леви, Арна Шијак, Александар Михајловски, Александар Ѓорѓиески, Емилија Мицевска, Стефан Спасов, а на сцената ќе биде и режисерот Михајловски кој денеска не присуствуваше на прес-конференцијата. Тој ја избрал и музиката за претставата, во која сценограф е Татјана Христоска, а костимите ги изработија Ивана Кнез и модниот бренд „Сињори“.
По премиерата на 31 март, „Без галама“ ќе има уште една изведба наредниот ден, а потоа на репертоарот е на 14 април.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор