Без договор завршија преговорите за Гоце Делчев
Исцрпувачка, повеќечасовна биле дискусијата на македонско-бугарската експерста комисја на вторито ден од разговорите по прашањето околу Гоце Делчев.
Историчарите ќе мора да се наврататна прашањето и на наредните средби, бидејки договор во Софија не е постигнат.
“И покрај долгата исцрпувачка и плодна дискусија и дебата, направен е мал напредок поради што членовите на Комисијата ќе продолжат да разговараат во однос на ова прашање, како и за други отворени прашања од значење за Комисијата и во контекст на градење на добрососедските односи помеѓу македонскиот и бугарскиот народ и двете држави”, велат за Сител извори од Комисијата.
Македонските историчари и нивните бугарски колеги денот го поминале во дискусија околу евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев, како и за неговото значење во историското сеќавање на двата народи.
Првиот ден од дводневните разговори помина во усогласување на препораките за учебниците, при што е утврдено дека постојат сериозни разлики во однос на пристапот и разбирањето на средновековната историја, но и во терминологијата.
Датум за осмата средба на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија не е утврден, но начелно е прифатено следната да биде во средината на октомври.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар