Loading Video...
Кошарка
22. November 2020 - 19:11

Без Димитриевиќ против Италија и Естонија - Тодоров ги одбра патниците за Талин

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Тодоров ги одбра патниците кои утре заминуваат за Талин, на претстојните натпревари во евро-квалификациите. 
 
Од 12-мината колку пред три дена се најдоа на потесниот список,л отпаднаа двајца, Дамјан Робев и Андреј Митревски.
 
На десетмината на турнирот во Естонија, ќе им се приклучат капитенот Војдан Стојановски и новото американско засилување, Џејкоб Вајли. 
 
Покрај нив за Талин утре изутрина ќе патуваат, шестмина од редовите на МЗТ Скопје: Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Филип Бакоч, Кристијан Николов, Лука Савичевиќ и Леонид Тодоровски, двајца кошаркари на Работнички, Љубомир Младеновски и Виктор Ефремоски, како и членовите на Кожув и Пелистер, Марко Симоновски и Бојан Трајковски. 
 
На списокот патници го нема Ненад Димитријевиќ, најдобриот македонски кошаркар за 2019 година, а  кој требаше директно да им се приклучи на останатите. За жал. Официјална информација од канцеларијата на КФСМ нема, но неофицијално младиот Димитревиќ кој треба да биде новиот лидер на црвено-жолтите, сеуште се опоравува од Корона вирусот.  
 
Првиот натпревар нашите кошаркари ќе го играат во сабота (28 декември),а противник ќе биде Италија, додека два дена подоцна (30 декември) ќе играме против домаќинот Естонија.