Живот
11. October 2017 - 9:09

Бев најсреќна трудница, но тогаш сопругот ми кажа дека и љубовницата чека негово дете

Една изневерена трудница својата приказна ја сподели со светот. Била многу среќна, но одеднаш се исчезнало. Сопругот и кажал дека има љубовница која исто така е бремена. Тогаш се срушил нејзиниот свет!

“Никогаш не им поверував на оние девојки, жени кои зборуваа дека не приметиле дека партнерот ги изневерува. Сметав дека лажат, а пред се, себе си се лажат. Но, сега тоа ми се случи и мене.

Имавме прекрасна љубовна приказна. Се запоназнавме на една забава кај заеднички пријатели. Се заљубивме со уши. Се видувавме секој ден. Се шетавме, излегувавме, се сакавме. После една година врска, одлучивме да се венчаме.

И двајцата имаве работа и солидни примања. Животот течеше полека и убаво. После две години брак, одлучивме да имаме бебе. Пробувавме неколку месеци и побаравме помош од лекар. Имавме некои ситни проблеми и започнавме со лекување.

Неговата подршка ми значеше многу. Беше многу нежен, полн со трпение и разбирање. И останав бремена. На мојата среќа немаше крај. Толку бев заслепена од радоста, така да не ја приметив разликата околу себе.

Секој ден сонував за бебето и за тоа како ние двајца ќе бидеме прекрасни родители. Едвај чекав да се породам.

Од друга страна тој стана многу мирен, нервозен, незадоволен. Секоја ситница беше причина за голема кавга. Кога доаѓаше од работа постојано се жалеше дека е уморен и спиеше цело време. Еден ден се запрашав, зошто тој е толку несреќен кога конечно добивме она што сакаме, да станеме родители. Почнав да го притискам со прашања. Кавгите секој ден беа се поголеми. Но, еден ден вистинска истрча од неговите уста… ”

“Чекам дете од друга жена! Го кажа тоа низ солзи. Ништо не разбрав. Мислев дека полудел, дека зборува неповрзани работи, а тогаш добро го погледнав. Последните месеци ослабна, пропадна. Почна да ми објаснува. Се заплеткал до колешка од работа, постара од него многу години. Не мислел. Не бил свесен што прави. Тоа му било издуван вентил во моментот кога се лечевме за да имаме дете. Со неа имал друга замисла, а не деца.

Таа никогаш претходно немала деца, а има 40 години. Но, ете се случило и тоа баш неколку дена пред јас да останам бремена. Таа друга жена сега не сака да абортира бидејќи е среќна што конечно ќе стане мајка.

Слушам како да зборува од далечина, како да не знает што да прави. Не може да ја остави. Тоа е негово дете. Не ја сака, во прашање било само секс…

Со денови лебдам во сонот и реалноста. Кога спијам имам кошмари, а кога сум будна ме чека још поголемо сценарио.

Тој сега е мирен. Ми кажа се. Изгледа и не очекува јас нешто да сторам. Имамо уште два месеци до породувањето, тешка сум, и уморна. Лекарите ми констатираат нормална бременост – вака живее среќна и здрава трудница, им вели лекарот на студентите, а јас исто како да не живеам.

Сите сонови ги снема…

На никого не зборувам за него, за неа, за тоа бебе… Моите и неговите ништо не знаат. Се срамам да кажам на било кој. Се плашам ако кажам дека тоа ќе стане уште поголема вистина. Вака уште можам да се преправам дека се е добро… Едно утро се будам и добивам огромна енергија. Ја земам торбата и дел од моите работи и уште една торба за детете кое треба да го родам. И заминувам. Изнајмив стан на дуг дел од градот. Се јавив на моите и им ја раскажав вистината. Тие беа шокирани, а јас ладна како шприц. Прашуваат да дојдта да ми помогнат, а јас одбивам…

И тој ми вртеше, и му се јавував. Не сакав да се кријам, сакав проблемите веднаш да ги решам. Му кажав дека не сакам да го видам и да не ме бара. А кога детето ќе се роди сама ќе одлучам што ќе правам.

За брзо ќе се породам, ќе добијам ќеркичка. Се друга ќе престане да постои за мене. Тагата ќе престане тогаш кога ќе ја земам во раце. Ќе исчезне и бесот.

Сега ние две живееме сами и среќни. Семејството и роднините ми помагаат несебично. Кога мојата ќерка наполни една година собрав сила да му се јавам да дојде да ја види.

Овие денови ќе му кажам да го доведе својот син, ќерками да си го запознае братот. Тоа и го должам на неа, а не на него.

Сакам некако да можам никако повеќе да не го сретнам во животот, да не слушнам ништо за него, ни добро ни лошо, но за жал тоа не е возможно. Секој живее со својот товар, но мојот никако не може да се спореди со оној кој го носи тој на душата. ”