„Бев бесен што не стигнав на летот, а сега сум среќен дека сум жив“ - ова е човекот кој ја избегна авионската несреќа
Гркот Антонис Мавропулос задоцнил 2 минути на летот Адис Абеба-Најроби што на крајот му го спасило животот, бидејќи тој авион паднал само 6 минути по полетувањето. Загинаа сите 157 аптници и членови на екипажот.
Иако се нервирал што задоцнил и што на гејтот не сакале да го пуштат, сега е и повеќе од благодарен што е жив. Тој на Фејсбук објавил фотографии од авионскиот билет.
Мавропулос е инаку претседател на непрофитна организација „International Solid Vaste Association" и требало да присуствува на годишното собрание на ОН за Програмата за животна средина.
„Бев бесен бидејќи никој не ми помогна да стигнам на време до капијата. Гледав како луѓето влегуват во тунелот и викав да ме пуштат...Сега сум среќен што сум жив“, напишал на Фејсбук.
Полицијата го барала да го испита зошто доцнел на летот и тогаш дознал за трагичната вест.
Тој се обидел притоа да избегне испитување, бидејќи не сакал да го пропушти и другиот лет, но полицаецот му рекол дека треба да му се заблагодари на Бога, а не да протестира и дека морат да го испитаат, бидејќи тој е единствениот патник кој платил билет, а не бил во авионот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација