Македонија
20. May 2019 - 16:28

Бетонските банкини на патарината Градско ќе останат до крајот на неделата

Бетонските банкини кои се остатоци од старата патарина „Градско“, ќе се отстранат до крајот на неделата, уверуваат од Јавното претпријатите „Државни патишта“.. Директорот Зоран Китанов, вели дека за време на градежните активности ќе се затвора по една коловозна лента а за тоа ќе се постават сообраќајни знаци за алармирање.. Доцна синоќа пак е поставена и нова сигнализација за намалување на брзината на овој дел од патот..

Од јавното претпријатие појаснуваат дека по отстранувањето на бетонските блокови, местото на кое се наоѓала старата патарина целосно ќе се асфалтира.. Градежните работи ќе ги изведува приватна компанија - подизведувач на турската Аселсан која го доби тендерот за модернизирање на патарините.. Од фирмата Асфлат велат дека е предвидено работите да завршат до средината на идниот месец..

„Рокот за рушење и воспоставување сообраќај, при нормално автопатско движење на сообраќајот на делницата од старата наплатна станица Градско е 15.06.2019 год.“, појаснуваат од компанијата..

По остранување на покривната конструкција и објкетите за наплата, на местото останаа бетонските банкини од старата патарина Градско кои предизвикаа неколку сообраќајки.. Возачите обвинија дека причина била лошата сигнализација на тој дел од патот..

Сител вчера на терен се увери дека не постојат сообраќајни знаци за остатоците од поранешната патарина ниту пак за намалување на брзината.. Последниот знак е за дозволена брзина од 120 километри на час..