Живот
27. October 2016 - 16:38

Бесрамно: Келнерка имаше секс со муштерија во кафулето каде работи/18+

Сигурносните камери од едно кафуле го снимија моментот во кој келнерката и гостин имаат секс среде терасата на локалот, бесрамно како да ќе нема утре.

Двојката во сексуалниот занос не само што заборавила на камерите, туку и дека има уште една келнерка во кафулето. Тие двајцата се „грабнале“ некаде пред полноќ, веднаш штом кафулето било затворено, но радоста не им траеше долго зошто колешката ги фати на дело.

Имено, другата келнерка излезе на терасата да ги собере чашите кога ја здогледа љубовџиката занесена во сексот со муштеријата. Девојката одлучи да се претвора дека не видела ништо, па повторно влезе во локалот, додека „гулапчињата“ прекинаа со сексот како попарени.

Не е познато кога настанала оваа снимка, но за кратко време стана вирална на социјалните мрежи.