Бесправно граделе станбен објект - кривична за три лица од Гостивар
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.С.(58), Е.М.(63) и Ф.С., сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење” и против В.Р.(35) и С.Е.(40), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на службена положба и овластување” и ,,несовесно работење во службата”. Во текот на 2016 година во Гостивар на улица „Илинденска“, прво и второпријавениот, како инвеститори, изградиле колективен станбен објект, на кој, спротивно на одобрението за градба, изградиле дополнителен кат, како друг објект до самиот станбен објект. Третопријавениот, како изведувач на наведените објекти, вршел градежни активности без одобрение за градба, без основен проект и писмен договор со инвеститорот. додека четврто и петтопријавениот, како градежни инспектори во Општина Гостивар, не вршеле надзор на градбата на наведените објекти, со што им овозможиле на прво и второпријавениот да одбегнат плаќање на комуналии и други давачки за изградба на наведените објекти, а на штета на Буџетот на општина Гостивар.
Ново на Сител
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица