Бизнис
9. February 2016 - 19:53

Бесплатните проекти за куќа симнати 9.000 пати, оглас за изработка на шест нови модели

Околу 9.000 граѓани досега од сајтот на транспорт симнале  бесплатен проект за типска куќа. За изградба повеќе се бараат локациите во Скопје. Интерес има за сите големини  на куќи од 60 до 180 квадрати. Поради значителната бројка  на побарувани проекти, надлежните утре ќе објават нов оглас за избор на фирма која  ќе  проектира уште шест нови модели на типски куќи со кои ќе се прошири изборот на граѓаните , по поволни услови да дојдат  до сопствен дом.

-Утре ќе објавиме и нов повик за нови типски куќи. Тие ќе бидат со големина од 50 до 200 квадратни метри. Повикот ќе трае наредните 35 дена, рече Владо Мисајловски- министер за транспорт и врски

Поради големиот интерес се продолжува и рокот за формирање  на типските наслеби. Наместо до денеска, општините барањата ќе можат да ги доставиваа до 17 ти месецов. Досега за изработка на урбанискитчки план аплицирале 33 општини.

-Постојано стигнуваат нови барања, затоа  одлучивме да го продолжиме рокот.  Наслебите се со евтина цена на земјиштето од по едно евро за метар квадратен. Со проектот граѓаните  купуваат евтино земјиште каде ќе можат да градат типска куќа со бесплатен проект. Заедно со купу куќа за млад се нуди можност за поленсо доаѓање на младите до свој дом, рече Мисајловски.

За добивање на бесплатен проект за типска куќа не се утврдени посебни услови, може да  добие секој кој е заинтересиран. Заштедите за изградба на ваква куќа се движат од  900 до 2.500 евра во зависност од големината и видот.