Македонија
7. April 2019 - 13:32

Бесплатни прегледи за кумановци по повод Светскиот ден на здравјето

Екипите на Здравствениот дом – Куманово денеска по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето организираа бесплатни превентивни прегледи за граѓаните на Куманово. На градскиот плоштад кумановци имаа можност да се прегледаат, да добијат совет за здрав начин на исхрана и да измерат притисок, шеќер во крвта и холестерол.

Надлежните од оваа здравствена установа информираа дека во акцијата биле прегледани околу 200 кумановци, претежно лица на возраст од 50 до 60 години.

– Дел од нив се хронично болни. Им препорачавме редовно да ја земаат пропишната терапија, да ги слушаат советите на лекарите. Сега е период на променливо време, па така можни се осцилации во притисокот, затоа и пациентите треба да користат терапија, а оние кои се работоспособни да практикуваат физичка активност и да внесуваат храна богата со витамини и повеќе течности, изјви главната сестра од Здравствениот дом  – Куманово Марина Додевска.

Синдикатот и Здравствениот дом вчера организирале свеченост по повод Светскиот ден на здравјето и доделиле награди и пофалници за поединци и за служби во Здравствениот дом.