Македонија
4. October 2015 - 9:43

Бесплатнa едукативнa работилницa за пештерите во скопската ЗОО градина

Во организација на Истражувачко друштво Урсус Спелеос Скопје и Македонско Еколошко Друштво, денеска во Едукативниот центар на ЗОО градина, ќе се одржи бесплатна интерактивна едукативна работилница на тема „Во светот на пештерите“.

На работилницата посетителите ќе дознаат повеќе за пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологијата.

Работилницата, како што информираат организаторите е адаптирана за деца од 5-то до 9-то одделение.