Македонија
30. December 2019 - 13:54

Бесплатен паркинг за новогодишните и божиќните празници на паркиралиштата на ПОЦ

 
По повод претстојните новогодишни празници, утре отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) ќе работат до 15 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16 часот. Сите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието на 1 јануари ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
 
Како што соопшти ПОЦ, редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари (четврток) со вообичаено работно време.
 
За време на божиќните празници на 6 јануари (понеделник) и 7 јануари (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за граѓаните.
 
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 8 јануари (среда) со вообичаено работно време.
 
Тимот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ на сите граѓани им посакува убави новогодишни и божиќни празници, се додава во соопштението